Врачување на државната награда „11 Октомври“

0
142

Во Собранието на Република Македонија денеска напладне ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“ за 2017 година.

Годинашни добитници на наградата за животно дело се музичкиот уметник Влатко Стефановски во областа на културата и уметноста, и историчарот, проф. д-р Амет Шериф – во областа на науката и образованието.

„11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.