Вранишковски заминува на Светиот и велик собор на Крит

0
546

Православната охридска архиепископија денеска го празнува светителот од Лихнида, светиот Еразмо Охридски, чиишто мошти се наоѓаат во Ставропигијалниот манастир „Свети Јован Златоуст“, Нижеполе, Битола.

Архиепископот Јован денеска заминува на Светиот и Велик Собор на Крит, а по тој повод во манастирот беше отслужена света Архиерејска литургија на која началствуваше епископот Давид. Станува збор за Собор на православната црква, којшто се одржува после цели 1229 год., иако во меѓувреме биле одржувани и други собори, кои сè уште не се прогласени за вселенски собори.

После отслужената литургија, под претседателство на архиепископот Јован беше одржана свечена седница на Светиот архиерејски синод на ПОА.