Вратени патничките, но не и брзиот воз за Битола

0
514

 

Од 20-ти овој месец нормализиран е железничкиот сообраќај на пругата Велес-Битола-Велес. Од Македонски железници информираат дека прекинот на сообраќајот кон Битола бил поради голем одрон на карпа кај Богомила. Во овој временски период железничкиот сообраќај се одвиваше само на релацијата Велес-Чашка-Велес. Сега за Битола сообраќаат три пара патнички возови. Утринскиот, пладневниот и вечерниот од Скопје и три од Битола, рано наутро, околу пладне и доцна навечер. Брзиот воз кој рано наутро одеше за Скопје, а од Скопје доцна попладне се враќаше за Битола, се уште не сообраќа.