Време е да се формираат институциите

0
272

Дојдено е време земјата да се придвижи напред, да се формираат државните институции, да се избере спикерот на Собранието и да се формира Владата, изјави шефот на делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар при денешна посета на Опшина Неготино. Тој додаде дека е дојдено времето власта и опозицијата и сите луѓе во земјата да почнат повеќе да се слушаат меѓу себе и да бидат единствени. Тоа, рече Жбогар, е многу важно за иднината на земјата и за процесот на евроинтеграцијата.