Време е за старт на Олимпијадата во Рио

0
548

Во бразилскиот град Рио де Женеиро, во петок почнуваат 31. Летни олимписки игри, на кои ќе учествуваат повеќе од 10.500 спортисти, од 206 членки на Меѓународниот олимписки комитет.

Во Рио ќе се одржат натпревари во 36 различни спортови.
Прв пат на програмата е додадена играта рагби, а голфот по 112 години повторно е вратен меѓу олимписките спортови.

Сите натпревари ќе бидат одржани во Рио де Женеиро, а како и на претходните игри исклучок е фудбалот кој ќе се игра и во уште пет градови, Сао Паоло, Бразилија, Бело Хоризонте, Салвадор и Манаус.

Првите олимписки игри на тлото на Јужна Америка ќе бидат отворени ноќта меѓу петокот и саботата. Преносот почнува во 1 часот по полноќ, а се очекува да трае во следните 3,5 до 4 часа. Се очекува отворањето да го проследат 900 милиони гледачи.

Македонија во Рио ќе ја преставуваат пливачите Марко Блажевски и Анастасија Богдановски, џудистката Катерина Николоска, стрелачката Нина Балабан и атлетичарите Дрита Исљами и Ристе Пандев. Четиринаесетчлената македонска експедиција во Рио покрај спортистите ја дополнуваат нивните тренери, односно Владимир Богоевски (спортски директор на МОК) и докторот Зоран Ханџиски. Во Бразил ќе патуваат и првиот човек на МОК и генералниот секретар Васил Тупурковски и Сашо Поповски, но на покана на Интернационалниот олимписки комитет.

Подобрување на личните и државните рекорди е целта на македонските спортисти кои ќе настапат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.