Временска машина-нова претстава на Дел Арте

0
2062

Најновата претстава на Дел Арте, со наслов Временска машина, премиерно ќе биде изведена на 3-ти ноември. Се работи за авантуристичка бајка, по текст на Димитар Захариевски а во режија на Бојан Стојков.

Низ истата актерите патуваат низ времето, посебно низ историјата на Битола, а публиката истовремено се потсетува на најзначајните историски периоди на нашиот град.

Освен на 3-ти, децата ќе имаат можност да ја погледнат претставата и на 20-ти ноември.