Времето денес сончево

0
255

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево. По одделни котлини и по речните долини ќе има слаба магла. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од 11 до 16 степени. Во Скопје слично време, сончево со слаб југоисточен ветер и со појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има слаба магла, а во утринските часови на повеќе места температурата ќе се спушти под нулата, прогнозира УХМР.