Времето денеска ќе биде облачно со повремен дожд

0
1842

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со повремен слаб до умерен дожд. Врнежите во поголемиот дел од земјава ќе бидат ретки и со намален интензитет. Почести врнежи ќе има во западните и северните делови. Преку денот ќе дува умерен југоисточен ветер, а на југот и долж Повардарјето ветерот ќе биде засилен и ќе достигнува брзина и до 50 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 15, а дневната од 16 до 21 степен.

.

Во понеделник врнежи од дожд ќе има само на северот од земјата. Врнежите ќе престануваат, но ќе се задржи облачно време.

Без коментари

LEAVE A REPLY