Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди

0
333

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Околу пладне и попладне ќе има повремени врнежи од дожд особено во крајните западни и крајните источни делови каде што е можна и ретка појава на грмежи.

Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 16 до 23 степени.

Утре на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, меѓутоа процесите не се очекува да бидат интензивни. Од почетокот на наредната недела се очекува стабилно и потопло време.