Времето денеска: Сончево и многу топло

0
223

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура се спушри до 15 степени, а дневната ќе се движи од 34 до 41 степени.

И во четврток под влијание на многу топла воздушна маса дневните температури на повеќе места ќе бидат над 35, а долж Повардарието и над 40 степени. Во четврток вечер кон петок ќе има промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер што ќе предизвика пад на температурите за неколку степени. Потоа и во следните денови ќе има услови за локална нестабилност.