Времето денеска сончево и топло, во Битола до 32 степени

0
328

Времето денеска во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне во планинските подрачја со ретка појава на дожд и грмежи.Температурата ќе се движи од 30 до 38 степени.

Максимални температури: 36 Виница, Скопје, 35 Д. Капија, Гевгелија, Скопје Петровец, Штип, 34 Струмица, Тетово, 32 Битола, Прилеп, Тополчани, 31 Кр. Паланка, Ѓуриште, Претор, Пожаране, 30 Охрид, 29 Берово, 28 Маврово, 17 Лазарополе.

До вторник дневната температура ќе биде во секојдневен пораст. Почнувајќи од денеска во голем дел од земјава температурата ќе надминува 35° С, а на југоистокот ќе достигнува и 40° С.

За време на викендот и во понеделник не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, пред се во планинските подрачја на запад и кон југоистокот. Промена и се посвежо време се очекува од вторник кон крајот на денот.

Без коментари