Времето денеска

0
427

Од УХМР информираат дека 4 степени под нулата се измерени во Берово, -2 во Скопје, Демир Капија, Струмица, Крива Паланка, -1 Битола, 0 Гевгелија, Виница, Куманово, Штип, Маврово, Тетово, Прилеп, 1 Крушево, 2 степени во Ѓуриште, Охрид, Дојран, Пожар, Пожаране, 3 во Претор, четири степени во Тополчани, Дебар.

Утринава времето е сончево со мала облачност. Само во западните делови има умерена облачност. Дува слаб на повисоките места умерен променлив ветер.

Мала до умерена облачност претпладне се очекува во западниот дел од земјата. Попладне постепено ќе се зголемува облачноста, но целосна покриеност на небото над Македонија се очеква дури во ноќните часови.

Наутро минималната температура ќе биде во дијапазонот од -2°С до 2°С.

Денот ќе биде релативно топол, па максималната температура во котлините во северниот регион ќе има вредности околу 9°С, а во јужниот околу 12°С.