Времето помогнало да немаме пожари

0
163

„ Како и минатата година така и оваа времето ни помогна да немаме пожари. И покрај високите температури кои што ја зафатија Битола за време на летните месеци ,ни помогна тоа и што имавме многу облачни денови“, вели во интервју за ТЕРА Костадин Поповски командир на ТППЕ-Битола.

koco pozarna

 

Додава дека во текот на минатиот месец имале 58 интервенции од кои 36 пожари на отворено,но со мали размери. Упатува апел до граѓаните да не се палат стрништа, со цел да не дојде до пожар каде што ќе треба да интервенираат.