Времето потопло од вчера, од вечерва разведрување

0
1952

Неделново утро е умерено облачно и релативно свежо низ Македонија. Температурата во 8 часот (УХМР) имаше вредност околу 15°С во пелагониската котлина и околу 19°С во повардарскиот крај.

Денеска ќе биде нешто потопло за разлика од вчерашниот ден. Очекуваме долж повардарието температурата де има максмална вредност од 28 до 30 целзиусови степени и околу 27°С во југозападниот регион.

Денеска ќе се задржи умерената облачност се до попладне, додека приквечер ќе почне постепено разведрување.