Времето во наредните пет дена

0
955

Утре ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, додека во западните и северозападните предели како и во крајните североисточни и југоисточни предели со услови за слаби врнежи од дожд. Дневните температури од 23 до 33 степени. Во среда и четврток стабилизација на времето и пораст на температурите. Ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Во среда температурите од 26 до 36 степени, додека пак во четврток максималните температури ќе достигнат до 27 односно до 37 степени. Во петок умерено облачно со повремени сончеви периоди и посвежо време со осетен пад на максималните температури кои ќе се движат од 21 од 31 степен.