Времето во првите денови од Август

0
880
Понеделник ќе ни донесе уште еден нестабилен ден, иако почетокот на денот нема да наликува на такво нешто. Претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб југоисточен и југозападен ветер. Попладне развој на нестабилна облачност која што ќе донесе врнежи од дожд и грмотевици, а локално можна е појава на невреме. Врнежи од дожд се очекуваат и во вечерните часови.
Утринските температури од 15 до 24 степени, а дневните ќе бележат благ пад и ќе се движат во интервал од 26 до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 8. Во понеделник во Скопје претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 21 степен, а максималната дневна до 34 степени. УВ индекс 8. Во вторник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици.
Во останатите предели ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови услови за дожд ќе има и во југоисточните предели. Утринските температури од 15 до 25 степени, а максималните дневни до 24 односно до 35 степени. Во среда претежно сончево со локална облачност и потопло.
Во попладневните часови услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има во крајните северозападни и југоисточни предели. Утринските температури од 14 до 24 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 27 односно до 38 степени. УВ индекс 8.