Врховен ќе одлучува за притворите на Едмонд Темелко и Владимир Талески

0
769

Кривичниот совет на Врховниот суд  на седница која ќе биде затворена за јавноста, ќе расправа по барањето на специјалното јавно обвинителство за законитоста при одлучување за притвор за градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко и за одлуката за притвор на градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

Темелко е осомничен во случајот „Титаник“ кој се однесува на сомневања за изборни нерегуларности извршени во 2013 година, а Талески е првоосомничен во случајот „Транспортер“ за малверзации со превозот на ученици во Битола.

По отворањето на истрагата за случајот, Темелко беше приведен, а на Талески му беше одреден притвор, кој потоа му беше укинат. СЈО поднесе жалба на одлуката.