Врховниот суд пресече – Дарко Димовски е новиот претседател на ССМ

0
522

Дарко Димовски, актуелниот претседател на синдикатот на СУТКОЗ, треба да биде новиот претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Според одлуката на Врховниот суд, Димовски треба да се впише како нов претседател на ССМ, на местото на Живко Митревски.

Ова значи дека сега Управниот суд треба да постапи според барањата и одлуките на четирите синдикати (СИЕР, УПОЗ, АРГО и СУТКОЗ), кои со одлука на сегашниот претседател Митревски, беа исклучени од ССМ. Овие синдикати одлучија Митревски да не биде на челната позиција на најбројниот синдикат во Македонија.

Сега се чека Управниот суд да донесе такво решение и Димовски да биде впишан како челник на ССМ во Централниот регистар.

Митревски смета дека решението на Врховниот суд е донесено врз основа на нелегитимни документи и фалсификувани печати и лажно претставување како полномошник на ССМ.