Врховниот суд утре ќе одлучи за притворите за Грујевски, Јакимовски и Бошковски

0
374

Врховниот суд ја извести јавноста дека започнала седницата на петчлениот совет кој одлучува по жалбите против решенијата за определување на притвор донесени од Апелациониот суд Скопје по предметите познати во јавноста како “Таргет” и “Тврдина.”

„Врховниот суд на Република Македонија ја известува јавноста дека денес на 25.07.2017 година започна седницата на петчлениот совет на Врховниот суд на Република Македонија кој одлучува по жалбите против решенијата за определување на притвор донесени од Апелациониот суд Скопје по предметите познати во јавноста како “Таргет” и “Тврдина.”Седницата на советот ќе продолжи со работа и во текот на утрешниот ден и за донесената одлука на советот, јавноста ќе биде информирана на ден 26.07.2017 година“.