Врие во ДУИ, Алити против Ахмети и Груби

0
859

Пратеникот на ДУИ Рафис Алити повторно на испит го става единството во раководството на партијата. По вчерашното гласање за измените во Изборниот законик и претходното барање за промена на дневниот ред на собраниската седница, Алити бара одговорност од претседателот на партијата Али Ахмети и од преговарачот Артан Груби.

Според Рафис Алити, не е јасно како вчера пратеничката група на ДУИ најпрво била против изгласување на измените во Изборниот законик, а потоа, неколку минути по полноќ, пратениците без проблем кренале раце и гласале за измените. Алити гласал против.

„Груби на своја рака ја потпишал согласноста за измените во законот, без да ги информира пратеничката група и партиските тела за тоа. Барам во најскоро време да се состане централното претседателство на партијата и на тој состанок ќе барам објаснување за оваа постапка“, вели Алити.