„Врските меѓу Македонија и Србија низ вековите и денес“

0
366

Почесниот конзулат на Република Србија во Република Македонија со седиште во Битола, денеска и утре го организира седмиот Меѓународен научен симпозиум на тема „Врските меѓу Република Македонија и Република Србија низ вековите и денес“.

Годинава на симпозиумот со свои трудови пријавени се околу 100 учесници, претставници на академската заедница од двете држави, уметници и културни работници кои пишувале и истражувале на теми од областа на историјата и литературата.

На дводневниот научен симпозиум ќе бидат презентирани и трудовите „Македонија во интересната сфера во политиката на Србија, Бугарија и Турција непосредно пред Балканските војни“ од авторите Ѓорѓи Чакарјаневски и Тодор Чепреганов, „Француските интелектуалци за Македонија кон крајот на 18 и почетокот на 19 век“ од Александра Колаковиќ, „Улогата на македонските кадри при пристапувањето на СФРЈ во Советот на Европа“ од Ратомир Милкиќ.