Вржовски потпиша професионален договор со Пелистер

0
202

Пелистер го доведе веројатно и последното засилување во своите редови ова лето. Битолчани го  ангажираа 21 годишниот напаѓач од САД, Алекс Вржовски. Тој е роден во САД и во својата кариера има настапувано за универзитетот Конкордија во Мичиген. Тој вчера го потпиша првиот професионален договор во кариерата. Минатата сезона под водство на Бочевски, Вржовски мина неколку месеци на пробен период во Пелистер. Вржовски има македонски пасош и може да игра во Втората лига, каде немаат право на настап странски фудбалери.