Вселенскиот товарен брод ‘Прогрес’ изгоре во атмосферата

0
188

Рускиот вселенски товарен брод „Прогрес М-27М“ над кој руските инженери загубија контрола поради дефект на антената додека леташе кон Меѓународната вселенска станица (ISS), согоре во атмосферата ноќта кон петокот,м објави руската вселенска агенција Роскосмос.
Капсулата којашто превезуваше повеќе од три тона храна, гориво и други продукти за екипажот на ISS падна од орбитата во 4,04 часот по средноевропско време и во тој момент се наоѓала над Тихиот Океан. Падот го потврди и Заедничкиот центар за космички операции на командата на САД, со забелешка дека тие не се занимаваат со процените што се случува со апаратите кога ќе навлезат во атмосферата и евентуалното лоцирање на местото на нивниот пад.

Поголемиот дел од леталата кои се враќаат од ISS согоруваат во атмосферата на Земјата поради големите брзини, а помалите нивни делови вообичаено паѓаат во океаните.

Рускиот вселенски товарен брод „Прогрес М-27М“ беше лансиран од космодромот во Бајкунор во Казахстан на 28-ми април, а почна да паѓа он земјата на 29-ти април, кога беше загубена контрола над него.

Формирана е истражна комисија којашто ќе ги утврди причините за губењето на леталото, на коешто според првичните сознанија не се отворила уредот за примање далечински команди. Резултатите од истрагата треба да бидат објавени на 13-ти мај, а лансирањето на уште две летала од овој тип е одложени до третиот или четвртиот квартал годинава.

Секоја година се лансираат три до четири товарни бродови „Прогрес“ кои носат опрема и храна за опстојување на екипажите на Меѓународната вселенска станица. По извршпената мисија тие се враќаат и согоруваат во атмосферата, Русија досега изведе 62 летови со ваквите апарати, од кои два не беа успешни.