Вселенското летало „Messenger“ ќе удри во Меркур

0
152

Вселенското летало „Messenger“ во четврток треба да удри во површината на Меркур, планета најблиску до Сонцето, со што треба да заврши 11 години долгата мисија на американската вселенска агенција НАСА.

По 77 милиони километри поминати од лансирањето во август 2004 година, „Messenger“ помина четири години во орбитата на врелата, карпеста планета, при што направил повеќе од 270.000 снимки и мапирала досега невидени предели.

Најважното откритие на „Messenger“ всушност беше потврдата на старата хипотеза дека Меркур, најмалата планета во Сончевиот систем, има големи резерви на замрзната вода околу своите полови.

Научниците рекоа дека постојат докази за големи количества на водород конзистентни со чиста замрзната вода.

Тоа откритие придонесе за подобро разбирање на формирањето на Земјата и потеклото на водата и органските материи.

„Messenger“ е првото вселенско летало во орбитата на Меркур откако Mariner 10 на НАСА кружеше околу него во 1974 и 1975 година.

Кога „Messenger“ конечно ќе удри во Меркур со брзина од 8.750 милји на час, ќе се создаде кратер со дијаметар од 16 метри.

Ударот се очекува околу 21 часот и 26 минути по средноевропско време.

Во време на ударот „Messenger“ ќе биде надвор од погледот на контролната мисија на универзитетот во Мериленд, што значи дека ќе биде потребен половина час за да се потврди ударот.