Втор круг од регионалните избори во Франција

0
346

Иако во првиот круг од францускиот регионални избори надмоќното победи партијата од крајната десница Национален фронт (FN), традиционално поради сојузувањето на конзервативците и социјалистите против оваа партија, се чини неизвесен крајниот исход од вториот круг во неделата.

На овие избори, последните пред претседателските и парламентарните во 2017 година, ќе гласаат 45,3 милиони Французи.

Крајната десница којашто води во 6 од 13-те региони се надева на победа, и покрај тоа што владејачката Социјалистичка партија откако ги повлече изборните листи и ги повика своите членови да гласаат за кандидатите на конзервативната партија Републиканци. Челничката на Народен фронт, Марин Лепен изјави „Се надевам на победа. Многу нешта зависат од оние кои не излегоа во првиот круг. Ќе покажеме што можеме да сториме“, рече.

Сепак, исходот е неизвесен поради тактиката на социјалистите кои се тотални губитници на овие избори, кои откако претходно ги владееја сите региони, сега имаат водство во само два. Така Националниот фронт иако во првиот круг доби најмногу гласови, може да биде поразена на национално ниво.

Националниот фронт има водство во три клучни региона, на северот во Нор-Па-де-Кале-Пакарди, каде што се кандидираше неговата челничка европратеничката Марин Лепен, на југоистокот во регионот Прованса-Алпа-Азурен брег, каде кандидатската листа ја води нејзината внука Марион Марешал-Лепен, пратеничка во Националното собрание, и на истокот во регионот Алзас-Шампањ-Ардени-Лорен, каде води стратегот на компанијата Флориан Филипот. Притоа, Лепен и Марешал-Лепен се со голема предност со осовиени околу 41 отсто од гласовите. Крајната десница води и во централниот регион Сентр-Вал-де-Лоар, во источниот Бургундија-Франш-Комт и во јужниот Ланжедок-Русијон-Средни Пиринеи.

Незадоволството до етаблираните политички елити, високата стапка на невработеност и стравот од доселениците од муслиманските земји по терористичките напади од 13-ти ноември, се сметаат за факторите кои придонесоа за победата на Националниот фронт на 6-ти декември.

Социјалистичката партија на претседателот Франсоа Оланд, која беше третопласирана, се повлече од двата клучни региони и ги повика своите приврзаници да гласаат за најлутиот противник Републиканците (поранешната UMP) на поранешниот претседател Николас Саркози, која води во четири региони, само за да ја оневозможат крајната десница којашто ја сметаат за „нерепубликанска“ партија да постигне успех./крај/мф/сн