Втор пат „ Македонска етно свадба“ во Новаци

0
546

Во Општина Новаци по втор пат се одржа манифестацијата „Македонска Етно свадба“. Оваа година зет и невеста беа 55 годишниот Љубе Самарџески и 50 годишната Роза Самарџиеска од Битола. Тие велат дека во брак биле 30 години и после толку време одлучиле да стапат и во црковен брак проследен со сите обичаи и адети кои ги има кај нас. 

zetot i nevestata 

„Многу сум возбуден, во брак сме 30 години ама сега одлучивме да се венчаме и во црква. Радосен сум што сум денеска дел од оваа манифестација Етно свдба во Новац“, рече Љубе Самарџески, зет.

Манифестацијата е под покровителство на општина Новаци, а организатор е Центарот за негување на традицијата и фолклорот „Етно Илинден“ од Битола. Секоја година за оваа манифестација се пријавуваат повеќе брачни парови кои сакаат да бидат дел од овој настан. Но според организаторите во иднина се планира оваа манифестација да биде само со еден брачен пар.

laze koteski

„Оваа манифестација секоја година привлекува голем број гости од целата општина како и соседните градови и полека станува вистинска туристичка атракција. Ние и понатаму ќе ја одржуваме традицијата и ќе го организираме овој настан“, истакна Лазар Котевски, градоначалник на Новаци.

folklor

„Оваа година имавме пријавено само еден брачен пар, и планираме така да биде и во иднина, нешто слично како и Галичката свадба. Бидејќи минатите години имаше повеќе брачни парови, но беше малку потешко да се организира сето тоа. Ова е 6-та по ред ваква свадба која ја организираме, претходно организиравме вакви 5 настани и во Битола“, потенцираше Александар Тодороски, Центар за негување на традицијата и фолклорот „Етно Илинден“.

Свадбата се одржа за време на викендот. Во саботата, беа направени традиционалните обичаи со канење на кумот, а во недеа се продолжи со канење на деверот, бричење на зетот, и земање на невестата, која беше сместена во куќата на градоначалникот Котевски, кој сега беше во замена на нејзин татко и ја даде нејзината рака на сватовите.Младоженците црковните обреди околу нивното венчавање ги направија во црквата „Св. Атанасиј“ во Новаци.

svadba 5

Македонската етно венчавка беше отворена со традиционалните обичаи и обреди од мариовскиот крај, односно месење тесто-погача, плетење цветни венци, китење на бајракот, торбите и картата за вино.

Без коментари

LEAVE A REPLY