Втор продажен простор на Просперо во Битола

0
3076

Под мотото За секој дом, компанијата Просперо успешно ја гради својата приказна во Македонија од 1998 а во Битола постои веќе 5 години.

Поради зголемената продажба и се поголемиот интерес на купувачите, Просперо ја отвара својата втора продавница во Битола и тоа во Декор под.

Најуспешна комбинација при уредувањето на домот е спојот на дизајнот и функционалноста. Оваа формула за модерен дом ја има Просперо, каде го има најголемиот избор на ламинат, трослојни таркет паркери, винил подови, теписи, теписони.

Проширениот асортиман ги вклучува теписите изработени со најсовремени технолошки машини, кои истовремено ги диктираат светските трендови .

Континуирано следејки ги трендовите на пазарот, на потрошувачите им нудат и најквалитетни теписони.

По повод отварањето на вториот продажен простор, Просперо нуди промотивно акциски цени на одредени производи .

Пред неколку години успешната приказна ја развиваат со нивните партнери Таркет, па започнуваат партнерски однос со глобалната компанија за тврди подови со над 38 фабрики во светот.

Просперо нуди подови за сечиј џеб и вкус, за домовите, како и за деловни простори.

Купувачите доаѓаат од сите македонски градови кои во брендот Просперо го препознаваат знакот за квалитет.

Мисијата на Просперо е излегувајки во пресрет на потребите на купувачите, да бидат најуспешна компанија за опремување на домот и деловните простори. Го обединуваат позитивниот пристап, професионалната услуга и лојалност, како и сите нови трендови.

Прилагодувањето на своите понуди кон потребите на купувачите со макотрпно работење, вложување на средства и правилен избор на теписи и ламинати , го прават Просперо да остане лидер во секторот на подни облоги.