Втор загадувач по ред во Европа, што презема Рек Битола?

0
1537

Tермоцентралата РЕК Битола е втор по ред најголем загадувач во Европа и Западен Балкан, а прв во Македонија покажува извештајот на Европското здржение за здравје и животна средина. Според проценките за влијанието на производството на енергија од јаглен врз здравствените трошоци на Западниот Балкан во регионот се наоѓаат дури седум од десет такви термоелектрани.

Според податоците на организацијата, во регионот на Југоисточна Европа на прво место според бројот на смртни случаи предизвикани од загаден воздух е Бугарија, а зад неа се Србија и Црна Гора.

Македонија, според анализата, произведува нешто помалку од 80 проценти од својата електрична енергија од јаглен и генерално е зависна од овој енергенс. Проценките се дека штетите врз здравствениот систем во Европа поради штетните супстанци кои ги емитува Македонија изнесуваат помеѓу 256 и 720 милиони евра годишно.

Словенечката компанија која е ангажирана на проектот во моментов привршува со изработката на компаративна анализа за соодветните технологии односно најприфатливото решение за десулфуризација на РЕК „Битола“. Врз основа на анализата, во најкус период ќе биде одлучено според која метода ќе се имплементира процесот на десулфуризација. Со целосна реализација на оваа активност која ќе се реализира во наредните неколку години ќе се постигне емисиите на SOx и прашина од РЕК „Битола“ да бидат во согласност со европската директива Industrial Emission Directive (IED) 2010/75/EU“ велат од Рек Битола.

Оваа термоелектрана годишно испушта околу 2.700 тони ПМ 2,5 честички во воздухот, со што е на второ место во Европа веднаш зад термоелектраната „Косово А“ во близина на Приштина. РЕК Битола е во европскиот врв и според емисијата на сулфурен диоксид СО2, со околу 67 илјади тони годишно.

За намалување на влијанието на емисиите уште во самата изградба на РЕК„Битола“ беа преземени најефикасни мерки и беа обезбедени најсовремени уреди и постројки за спречување на можното загадување. За потсетување, во постојните оџаци со висина од 250 метри монтирани се електростатски филтри со степен на прочистување од 99,97 % со што се запазени најстрогите норми за заштита во Европа, кои редовно се одржуваат, а емисијата на штетни честички во воздухот е сведена во рамките на дозволените граници“ додаваат од Рек Битола.

Врвен инвестициски приоритет и во претстојниот  период за АД ЕЛЕМ останува капиталниот проект за Топлификација на Битола, Могила и Новаци и доколку работите на терен  течат според предвидената динамика, се очекува до 2019 година да ги добиеме првите корисници на топлинска енергија во Битола.  Една од најголемите придобивки овој проекти е што нуди можност да се елиминираат поединечните извори на загадување на животната средина.

Без коментари

LEAVE A REPLY