Вторник и в среда во Битола до -17 степени

0
684

Mакедонија од жолта влегува во портокалова фаза на метеоролошко предупредување со услови и за снежни бури. Според метеоролозите, денес претпладне беше  облачно со врнежи од дожд, кои во текот на денот почнувајќи од север  преминаа во снег.

Најмногу снег, до половина метар, се очекува во западните делови. На другите места се очекува да паднат до 20 сантиметри снег.

Европската метеоролошка станица издаде предупредување од портокалова фаза за снежни врнежи во половина Македонија.

И во Битола формирана е снежна покривка. Дневната температура достигна до седмиот степен над нулата.  И утрешниот ден ќе биде со врнежи од снег, со пониска дневна до -1 степен, а утринската до -4.

Вторник, среда и четврток нема да има врнежи од снег. Ќе преовладува сончево време со умерена облачноист, но многу студено. Вторник и в среда утринската се очекува да се спушти до -17 степени.