Вучиќ апелира да се избегнат насилства во Бања Лука

0
290
Опозицијата и владејачката партија во Република Српска ги повикаа приврзаниците на протести во Бања Лука пред локалните избори што треба да се одржат во октомври годинава.
Опозицијата ќе протестира против невработеноста и корупцијата, додека владејачката партија ги повика луѓето да и дадат поддршка на политиката на владата.
Вучиќ изјави дека, според разузнавачки извори, протестите би можело да бидат насилни. „Не ни требаат конфликти. Мирот и стабилноста се клучни услови без кои Србија не може да има напредок“, изјави Вучиќ.

Без коментари

LEAVE A REPLY