Вучиќ и се закани на Хрватска со контрамерки

0
366

Српскиот премиер Александар Вучиќ побара во понеделникот од Хрватска  да го отвори граничниот премин Бајаково, заканувајќи се дека во спротивно Белград ќе биде присилен да побара меѓународна заштита и да воведе противмерки.

„Ве молиме да се откажете од ваква неодговорна политика, доколку не се откажете ние ќе преземеме  противмерки бидејќи мораме да ја штитиме својата држава“, изјави Вучиќ на вонредна прес конференција.

Од Хрватска побара да го отвори граничниот премин Бајаково-Батровци кој од полноќ со одлука на Загреб е затворен за камиони кои доаѓаат од Србија.

Белград денеска побара итна реакција на европската унија на одлуката на Хрватска да го затвори Бајаково за товарен сообраќај. Српските власти предупредуваат дека штета од ваквата одлука трпат и српските и хрватските компании со оглед дека оваа рута е значајна за трговијата во целиот регион.

Српскиот вицепремиер и министер за трговија, Расим Љајиќ оцени дека затворањето на Бајаково претставува „флагрантно кршење“ на Договорот за стабилизација и асоцијација бидејќи не дозволува влез и транзит на камиони од Србија. /крај/

Без коментари

LEAVE A REPLY