Вучиќ лут поради затворањето на Танјуг, го впери прстот кон министерот Тасовац

0
267

Српскиот премиер Александар Вучиќ бил разочаран поради затворањето на новинската агенција Танјуг и упатил критики кон министерот за култура и информирање, Иван Тасовац, пренесува Танјуг.

„Поради стенограмите и историјата сакам да кажам колку сум разочаран поради тоа што се случи со Танјуг. Поради стенограмите и историјата сакам да кажам дека бев против затворањето на Танјуг“, истакнал српскиот премиер, обраќајќи му се директно на министерот Тасовац на седница на владата.

„Ти и Саша Мирковиќ ме убедувавте дека тоа е важно, потребно и реформаторско. Побара да не одиш во Сараево за да останеш тука и да ја браниш и образложиш одлуката. Гледав вести и не те видов никаде, слушнав само некое објаснување од Саша Мирковиќ, каде се повикува на точката 141, па не разбирам зошто ти не дојде во Сараево“, навел Вучиќ.

„Иако бев против гаснењето на Танјуг, а ти Тасовац беше за. Ти Тасовац не го подметна својот грб, туку мојот, како и обично“, рекол Вучиќ.

Српскиот министер за вработување и социјални прашања пак, Александар Вулин, изјавил дека верува оти сè уште има простор некој да го откупи Танјуг, и дека тој лично би сакал агенцијата да продолжи да функционира во било кој облик.

„За жал, досега немаше заинтересирани“, рекол Вулин и додал дека одлуката на владата за правните последици под престанувањето на Танјуг со работа е донесена според законот по кој е истечен рокот за приватизација. Фирмите кои не се приватизирани мораат да бидат решение на овој начин, додал тој.

Новинската агенција Танјуг во четврток ќе ја објави и последната вест, пишува белградски Данас, наведувајќи дека ова на вработените не им било официјално соопштено, но им било наложено да дојдат на работа. Претходно, министерството за култура и информирање потврдило и официјално дека била донесена одлуката Танјуг да се затвори, и дека сите вработени ќе добијат отпремнини, но не објасниле зошто ова е единствениот државен медиум во Србија кој не е продаден, а во кој на вработените не им се понудени бесплатни акции.

Новинската агенција Танјуг беше основана уште во 1943-та година, како официјална новинска агенција на Југославија, под целосното име „Телеграфска агенција на нова Југославија“. /крај/мф/бс

Без коментари

LEAVE A REPLY