Вучиќ се заканува со бојкот на Брисел

0
565

Српскиот премиер Александар Вучиќ се заканува со бојкот на церемонијата на отворање нови поглавја од преговорите со ЕУ поради хрватската блокада на отворањето на 26. поглавје.

Германската новинска агенција ДПА пренесува дека српскиот премиер Александар Вучиќ нема да учествува на церемонијата доколку Хрватска не се откаже од отпорот за отворање на поглавјето 26 (култура и образование) восрпските пристапни преговори со ЕУ.Доста е од барања, изјавил Вучиќ. Официјален Загреб инсистира на подобрување на положбата на хрватското малцинство во Србија, посебно во врска со учебниците.

Германската канцеларка Ангела Меркел, како што пишува ДПА, вчера го „предупредила“ хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека билатералните проблеми треба да ги решава билатерално. Ова го изјавила на прес-конференцијата по состанокот со Пленковиќ во Берлин.

„Вучиќ ги губи нервите“, вака хрватските медиуми го коментираат „изненадувачкиот чекор“ на српскиот премиер, пренесува ДПА. За денеска во Брисел е планирано отворање на поглавјата 5 (јавни набавки), 25 (наука и истражување), додека поглавјето 26 веројатно нема да биде отворено.

Вучиќ неодамна најави дека смета на влез на „својата сиромашна земја“ во ЕУ пред 20125 година.