Вучиќ украл 319.000 гласа на изборите

0
202

Од изборниот штаб на кандидатот за претседател на Србија, Саша Јанковиќ, кој е и поранешен омбудсман, соопштија дека новоизбраниот претседател и актуелен премиер, Александар Вучиќ украл 319.000 гласа за време на претседателските избори на 2-ри април. Вучиќ освои уште во првиот круг на претседателските избори со 55 отсто од гласовите.

„При проверката на вреќите со гласачки ливчиња во 25 избирачки места кои ги отворивме во Републичката изборна комисија (РИК) откривме дополнително тешки нарушувања на изборниот процес“, се вели во официјалното соопштение од штабот на Јанковиќ.

„Има огромна разлика помеѓу физичкото пребројување на гласовите и бројот на гласовите внесени во избирачките протоколи. Вучиќ потенцијално украл цели 319.000 гласа“, велат од штабот.