Вучиќ во Москва на средба со Путин пред изборите во Србија

0
725

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, допатува во Москва, каде утре ќе има средба со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Посетата ќе се случи во очи на претседателските избори во Србија закажани за 2 април, на кои Вучиќ е кандидат.

Во делегацијата на Вучиќ се министрите за одбрана и економија, Зоран Ѓорѓевиќ и Александар Вулин.

Вучиќ изјави дека теми на разговор ќе биде економијата, воено-техничката соработка, како и соработката во областа на туризмот.