Вучиќ: Живаљевиќ влезе во Собранието со дозвола на власта

0
565

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ,  во долгото интервју за РТС посветено на Македонија тврдеше дека  нашата влада  ќе го поддржи членството на Косово во УНЕСКО и дека очигледно не ја кажувала вистината пред три месеци.

Вучиќ на РТС изјави дека ќе разговара за ова со македонскиот премиер Зоран Заев, дека поради оваа причина односите меѓу двете земји нема да бидат извонредни и на највисок степен, но дека ќе бидат пристојни.

„Како  знаев дека ќе го сменат мислењето за УНЕСКО?  Дачиќ им рече, точно им рече и затоа  пак ќе кажам дека тие знаат што сè знаеме ние”, додаде српскиот претседател. Според него, она што се случува во врска со односот на Македонија со Србија е обид да се создаде  „поголема политичка приказна” и во неа да се вовлече Србија, што тој, истакна, нема да дозволи.

Вучиќ првпат објасни детали поврзани со присуството на членот на БИА, Горан Живаљевиќ, во Собранието во нередите по изборите. Според Вучиќ, Живаљевиќ  не отишол на своја рака и без знаење на македонските власти:

„Живаљевиќ ги прашал  највисоките претставници на извршните власти во Македонија дали да биде  таму, а тие се согласиле со тоа и биле претходно запознати со неговото присуство. Потоа тоа беше искористено за кампања против Србија. Потоа следеле хајки и приказни, во кои има влијание од големи сили, дека тој е одговорен за овие настани заедно со Русите.

Најлесно  беше  такво нешто да ѝ се префрли  на Србија поради тоа што таа нема никакви територијални претензии кон Македонија, ниту има проблеми со неа”, истакна Вучиќ.

Српскиот претседател вели дека подоцна, на Брдо кај Крањ, бил замолен  Живаљевиќ да биде  повлечен од Македонија што, како што вели,  го сториле, но потоа  околу  овој потег на Белград почнале да се појавуваат сомнежи  дека Србија  е  виновна штом го повлекла. „Притисокот врз Србија по  неговото повлекување се зголеми“, објасни Вучиќ забележувајќи потоа дека српската контраразузнавачка служба, сепак, е силна.

„Тие добро знаат што сè знаеме“, ја прокоментирал Вучиќ изјавата на шефот на дипломатијата, Ивица Дачиќ, дека знае со кого се договорила македонската влада. „Така не се прави на пријатели“, заклучил претседателот, додавајќи дека иако сме го  признале Косово и иако  знае дека ќе гласаме за приемот на Косово во УНЕСКО, не ни посакуваат ништо лошо.

Тој истакнал дека ќе ја поддржи секоја тешка  одлука на Владата на Србија ако смета дека е во право, споменувајќи го примерот со Франција.

„Ќе го вратиме персоналот и нема да бараме ништо од  Македонија. Исто така беше со Франција, ако се сеќавате, ништо не се случи, ама барем си го зачувавме образот. Нема поблиски народи од нашите два, но мораме да си го сочуваме образот“, порача Вучиќ.

Според него, нема причина за голема загриженост  поради кризата во односите меѓу Белград и Скопје и  работите  ќе се движат во подобар правец.

„Не сакаме судири ниту ќе ги има, но мора да го заштитиме образот на Србија“, заклучи  Вучиќ порачувајќи им на граѓаните да бидат спокојни. Како што забележа, секогаш е подобро кога работите се отвораат бидејќи тогаш полесно се решаваат.

Инаку, српските медиуми денеска пишуваа дека српските дипломати биле незаконски следени од македонските разузнувачки служби без каква било причина,  и над нив се применувале методи на застрашување. Други српски функционери, пак, порачуваа дека најмалку што очекуваат од македонската влада е да биде неутрална за Косово ако се гласа во УНЕСКО.

http://makfax.com.mk

Без коментари