White Sensation Beach Festival се одржа во Претор

0
330

На плажата “Galaxy Beach” во Претор, се одржа првото издание на фестивалот White Sensation Beach Festival. Идејата за настанот потекна од многубројните „Бели ноќи“ кои се организираат низ големите градови во целиот свет, но она што е поразлично беше тоа што овој фестивал се одржа на плажа, покрај Преспанското Езеро.

На настанот настапија бројни ди–џеи од Македонија.

Градоначалникот на Ресен, м-р.Ѓоко Стрезовски, истакна дека овој фестивал е значаен за развојот на преспанскиот регион .

White Sensation Beach Festival беше најголемата забава на плажа која се одржа во последните десетина години.

Покрај диџеите имаше и жонглери со оган, Acid triple од Битола, како и огномет што беше вистински спектакл. Организаторите најавија дека се планира овој фестивал да прерасне во традиција на Преспа.

Без коментари

LEAVE A REPLY