Who took the light на рок бендот Sound Waves  

0
741

Во Порта Џез беше промовирана првата авторска песна и спот насловени „Who took the light from your eyes“  на рок бендот Sound Waves од Битола.

– Ова е прва наша авторска песна со прв видео запис, се надеваме дека нема да биде последна, а исто така се надеваме дека за скоро време ќе извадиме албум. Песната ја направивме за многу кратко време. Видеозаписот е сниман во Центарот за култура, спотот изгледа невообичаено затоа што е полуанимиран, сакавме да изгледа како постаро, да не изгледа како нов. Нашата група Sound Waves постои од 23 ноември 2016, тогаш се собравме велат членовите на Sound Waves.

Песната беше снимана во Гимел студио на Мими Марковски. Она што е несекојдневно е што спотот  беше сниман со мобилен телефон, а го монтираше Никола Тргачевски Кумбата.