WikiLeaks: САД и економски ја шпионирале Франција

0
165

Како што беше најавено, парискиот дневен весник Liberation и истражувачкиот порталот Mediapart во понеделникот заедно со разобличувачкиот ресурс WikiLeaks објавија нови документи од американското  разузнавање кои покажуваат дека тамошната Агенција за национална безбедност (NSA), покрај шпионирањето на тројцата последни француски претседатели и политичари, вршела надзор и на електронските комуникации и на други претставници на политичката и бизнис елитата.

„Во соработка со WikiLeaks, Liberation и Mediapart разобличуваат како NSA нанесувала штета на комерцијалните интереси на Франција“, се вели во материјалот објавен на интернет изданието на весникот под наслов „Економска шпионажа: Американската валкана игра“.

Во извештајот, кој се повикува на материјали коишто ги поседува WikiLeaks, се тврди дека американските разузнавачки служби преземале големо шпионирање на француските компании, на високите функционери во министерството за економија, како и на склучувањето на големите зделки и контакти на официјален Париз со меѓународни организации.

Американското разузнавање било насочено кон собирање на сите информации за француските трговски односи, врските на Париз со меѓународните финансиски институции, ставовите и односите во рамките на групите на најразвиените земји како Г7 и Г20, а исто така и кон големите надворешни договори на француските компании, особено за оние чијашто вредност надминувала 200 милион американски долари.

„Целта на NSA била поголемиот дел од стратешките сектори: информатичката технологија, електричната енергија, гасот, нафтата, атомската енергија, транспортот, биотехнологијата и други…“, се вели во статијата. Авторот истакнува дека во сферата на интересот на разузнавањето можеле така да попаднат стотици француски компании, како и дека со голем дел од информациите коишто ги собрала NSA биле запознаени највисоките американски челници.

„Никогаш претходно докази за масовна економска шпионажа во Франција, организирана од самиот врв на американската држава, не беа презентирани толку јавно“, тврди Liberation.

Според весникот, во своите активности NSA можела да ги опфати и индустриската шпионажа и кражбата на чувствителни технологии. Сепак, главното што го интересирало американското разузнавање биле податоците за тендерите на коишто учествувале американските компании, истакнува весникот. Податоците добиени преку шпионирањето, имено, им давала огромна конкурентска предност, се вели натаму во написот. Се истакнува и дека вака добиените податоци САД ги споделувале со своите најблиски сојузници, особено во разузнавањето, Велика Британија, Канада, Нов Зеланд и Австралија.

„Под маската на борбата против тероризмот, NSA станала борбена единица на САД во економската војна. Војна којашто Франција целосно ја загуби“, истакнува весникот

Без коментари

LEAVE A REPLY