За 1 минута дознајте се за вашето здравје

0
1810

Имате главоболки, болки во стомакот и желудникот, ве болат рацете и нозете, и некако ви е смачено да одите на лекар од врата на врата за да ги направите сите анализи, за да знаете што точно ве мачи. Сега тоа можите да го направите во ВТ Диет клубот во Битола , каде што за една минута со апарат за Квантна дијагностика ќе добиете увид за целокупната ваша здравствена состојба

– Со оваа апаратура може да се направи Велнес анализа на целокупната здравствена состојба на сите органи и органски системи. Снимањето трае 1 минута, добиваме увид во целокупната здравствена состојба. Со помош на оваа апаратура можат да се детектираат промените на електромагнетното поле на клетките, а тоа значи дека болеста може да се детектира уште пред да се појават органски промени,изјави Влатко Таневски, нутриционист

Апаратот како што вели нутриционистот може да ја утврди појавата на болеста пред 3 до 5 години од нејзиното појавување

– Откако ќе видиме каква склоност има нашиот организам, какви предиспозиции има и кон кој болести , со превземање на адекватни превентивни мерки во исхраната и животниот стил можеме да ги спречиме појавите на тие болести, додаде Таневски

Но повеќето од нас ќе си го постават прашањето, Дали снимањето со овај апарт е штетно по нашето здравје?

-Нема никакво штетно влијание при самото мерење. За ова снимање цне се користи јонизирачко зрачење, не се користат ренгенски зраци, принципот на работа е сличен како кај магнетната резонанса. Нема контраст , нема затворен простор, што значи дека станува збор за една комфорна безбедна анализа на човекот, вели Таневски

Откако ќе се добијат податоците за целокупната здравствена состојба стручните лица од ВТ Диет клуб му ги интерпретираат на клиентот или пациентот каде што добиваат и совети како да си го подобрат да си го подобрат здравјето и како да се превенираат одредени болести.