За 20-тина дена треба да заврши чистењето на Црна

0
1561

Булдожер тежок 45 тони кој што пропадна во калливо земјиште на  урнат  насип на Црна Река,   на првиот ден од почетокот на акцијата за чистење на речното корито за краток временски период бил оспособен за работа, вели градоначалникот на Новаци Лазар Котевски

„Поради тоа што таму песоктта е како жива песок, колку што повеќе се обидуваше да излезе, машината пропаѓаше. Но за кус временски период со други булдожери беше извлечен од калтта и беше оспособен за работа“, изјави Лазар Котевски градоначалник на Новаци и координатор на акцијата

За акцијата која  се спроведува  8 месеци после  големите поплави во Пелагонија и пред почетокот на есента, обезбедени се 300 тони нафта од државните резерви и бројна механизација. Надлежните велат дека акцијата ќе трае додека дозволат временските услови.

Градоначалникот на Новаци се надева дека целата акција ќе успеат да ја завршат за околу дваесеттина дена. Од големите поплави во февруари кои што ја зафатија Пелагонија под вода беа 17 илјади хектари плодно земјодeлско земјиште, а вкупните штети во земјоделието и домаќинствата се проценети на 7 милиони евра во општините Могила, Новаци и Битола.

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY