За 4 дена 400 граѓани пријавиле дека не се „фантоми“

0
490

Откако беше отворен повикот, во изминативе четири денови најмногу пријави до Државната изборна комисија (ДИК) дојдоа од Чаир, Аеродром и Центар. ДИК до вчера собрала пријави од околу 400 граѓани кои со име и презиме се наоѓаат во списокот на 39.502 т.н. спорни гласачи, односно граѓани чии податоци не се совпаѓаат во Избирачкиот список по вкрстените и теренски проверки.

Над 300 пријави се пристигнати по електронски пат, со помош на електронската пријава, додека останатите лично дошле до ДИК или до нејзините подрачни единици за да подадат лична исправа и да го потврдат своето гласачко право.

Рокот за пријавување истекува на 19 август. Потоа во рок од 10 денови ДИК ќе може да направи дополнителни проверки дали приложените податоци се точни и да побара пријавеното лице да се појави лично или преку видео врска.

www.mkd.mk