За Адам, Ева и почетокот на злото

0
2124

За Адам и Ева, прародителите и почетокот на дијалогот меѓу мажот и жената. За ова зборуваше Владиката Петар пред присутните членки на Унијата на жени од ВМРО ДПМНЕ.TRIBINA

-Ова е коска од моите коски и плод, тело од моето тело и таа ќе се нареќе жена зашто е земена од својот маж. Така почнува првиот дијалог помеѓу мажит и жената, но има дијалог и меѓу нашите прародители и Господ, рече г. Петар, Митрополит Преспанско-пелагониски.

Владиката зборуваше за непочитувањето на Божјата заповед и произлегувањето на злото.

-Љубопитноста на нашата прамајка Ева, заради желбата да стане богиња, да се издигне повеќе од Бога, по примерот на сатаната, ѓаволот. Оттаму е зависта кај ѓаволот, дека човекот е создаден како круна на се што е создадено и ќе царува со него, не можел да поднесе и ја измамил Ева, а таа му дала од забранетото овошје на Адам и така станаа грешни. Од генерација во генерација влегувале во потешки гревови, рече г.Петар.

Инаку настанот беше организиран по повод празникот 40 Преподобни битолски маченици, а се зборуваше и жртвата која тие ја дадоа.

Без коментари

LEAVE A REPLY