За бегалците директна линија, со воз од Гевгелија до Австрија

0
421

Вчера од Гевгелија тргна првиот воз со бегалци кој ќе вози директно до Австрија. Така се договориле земјите од балканскиот коридор. Како ќе се спроведува овој план, кој предвидува и воведување на квоти, дозвола за влез само за Сиријците од воените жаришта, засилена контрола, издавање на биометриски документи… ќе видиме. Она што е лесно предвидливо е голема концентрација на бегалци и мигранти на македонско грчката граница оваа пролет.