За Битолчани греењето на дрва е сеуште најисплатливо

0
471

Наскоро ќе започне грејната сезона а граѓаните ги прават последните пресметки кој начин на затоплување ќе им биде најисплатлив, дали на струја, на дрва, или пак на парно ?

Како што рековнме едни ги направија а други сега пресметуваат како да се греат.
Официјално грејната сезона започнува на 15 ти октомври но поради пад на температурите може да започне и порано. Секако она што ги интересира граѓаните е која ќе биди цената за огрев оваа година и што тие ќе добијат за тој износ.

Секој граѓанин рационално размислува да одбере греење со кое ќе ги намалали своите трошоци, а при тоа да не го скратат својот комфор и удобност.
Клима уредот троши најмалку струја а радијаторите се најголеми потрошувачи бидејќи немаат добра терморегулација.
Оние пак, што ќе решат да се греат со дрва, неофицијално цената се движи и над 3000 денари за кубен метар, независно дали бука или даб.
Греењето на нафта се уште е најскапо , и домаќинствата тоа одамна го разбраа и се помалку го користат овој енергенс како средство за загревање на домовите.

Загревањето просечен дом на струја е поскапа варијанта пресметките за домаќинствата што го користат овој енергенс се различни – во зависност од грејните тела. Сепак и оние што имаат парно или користат дрва во најстудените денови се догреваат со струја. Во Битола иако има централно греење поради нерентабилноста воопшто не се користи, ги прашавме граѓаните од Битола како ќе се греат оваа година.

Од анкетата што ја направивме, граѓаните велат дека и оваа година ќе се греат на дрва.

Грејната сезона трае до 15-ти април идната година. Доколку температурите се пониски, снабдувањето може да продолжи и по овој датум, но не подоцна од 30 април.

Без коментари

LEAVE A REPLY