За битолските кафичи низ времето преку филмот на Агим Џело

0
6505

Не така одамна, Старата битолска чаршија беше сврталиште на младите во градот. Или можеби пак навистина беше одамна..

Во 80-те и во 90-те, слободно може да се каже дека Битола беше авангарден град. Со авангардни луѓе, мисли и најважно – авангардни кафулиња за да има каде  да се разменат тие мисли.

Оваа мисла ќе биде пренесена во документарниот филм „Битолските кафичи низ времето“ на Агим Џело, кој ќе биде промовиран на 27-ми јули во 21 часот во Порта Џез во рамките на Битфест.

Битолчани кои го почувствувале тој дух на градот сигурно не можат да го заборават џагорот кој навечер до доцните часови се слушаше во битолската стара чаршија, од Џуниор, од Рилакс.

За култните битолски кафе барови може да се зборува уште многу. Можеме со денови да зборуваме и да си прераскажуваме каде излегувавме во тој период во Битола, со кого, па што музика се пушташе, кои луѓе каде се собираа.

Но засега, ќе застанеме тука. Но надежтта не застанува тука. Надежтта дека во Битола повторно ќе се врати авангардниот дух.

 

Без коментари