За четири дена издадени 2.924 потврди за азил

0
368

204798
Од лицата кои добиле потврди, најбројни се државјаните на Сирија (2.437), потоа на Ирак (169), Авганистан (113), Пакистан (113), Сомалија (17), Палестина (12), Етиопија (11), додека останатите се во помал број…Од 31 јули до денеска се издадени потврди за азил на вкупно 2.924 странски државјани, од кои 1.947 машки, 382 женски и 557 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 38 деца кое патуваат без родител, соопшти Министерството за внатрешни работи.Од 19 јуни, пак, до денеска се издадени потврди на вкупно 25.672 странски државјани, од кои 18.409 машки, 3.398 женски и 3.629 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 236 деца кои патуваат без родител.Повторно, најбројни се Сиријците (19.342), потоа од Авганистан (1.877), Ирак (1.414), Пакистан (898), Сомалија (519), Палестина (432), Конго (285), Камерун (133), Еритреја (129), додека останатите се во помал број.