За денес закажани рочишта за „Тврдина 2“ и за „Транспортер“

0
330

Специјалните обвинители на СЈО и одбраната во случајот „Твардина 2“ денес ќе треба да ги дадат своите завршни зборови за обвинителниот акт во кој обвинет е поранешниот разузнавач Горан Грујевски, кој е во бегство и уште шест вработени во УБК. За денес е закажано и ново рочиште на случајот „Транспортер“.

По одлуката на судот на Грујевски да му се суди во отсуство и по завршувањето на доказната постапка, Основниот суд Скопје 1 за денес го закажа рочиштето за завршен збор во случајот „Тврдина 2″.

Специјалното јавно обвинителство случајот „Транспортер” го отвори на 14 април минатата година, и во него, покрај Талески, за злоупотребите со превозот на ученици во Битола, се обвинети уште 20 лица.