За доизградба на колекторскиот систем се бараат пари од Норвешка

0
319

Гoдини наназад најстариот Национален парк во државата „Пелистер“ чека пари за доизградба  на колекторски систем и пречистителна станица. На Пелистер нема канализација а сместувачките капацитети имаат септички јами. Изградбата на колекторскиот систем кој почна да се гради пред повеќе години беше стопирана поради недостиг на средства. В понеделник од Елем турс велат дека ќе поднесат апликација за проект кој ќе предвидува доградба на колектосркиот систем а парите ќе ги бараат од Амбасадата на Норвешка

„Едно од горливите прашања е тоа што го имаме со отпадните води. Во текот на минатата недела имавме екипа од стручни лица од секторот за развој и инвестиции на ЕЛЕМ каде што елабориравме дека проектот можеме да го реализираме за многу кратко време. Со грантови кои што се одобрени во Р.Македонија преку Норвешката Амбасада. Грантот кој што предвидува поврзување на фекалните отпадни води од хотелот Молика и други правни субјекти кои што се стационирани во НП Пелистер е заокружен заклучно со почетокот на градот Битола. Меѓутоа имајќи ги во предвид средствата во моментот обезбедени сметаме дека до понеделник е крајниот рок и апликацијата ќе биде поднесена од страна на ЕЛЕМ како наш содружник и партнер, и очекуваме негде околу 150 илјади евра обезбедени средства од Норвешката Амбасада. Со грантот да направиме дислокација на нашата пречистителна станица надвор од границите на паркот. За понатаму немаме доволно средства предвидени, всушност немаме предвидено во грантот такви средства кои што би можеле фекалните и отпадните води од НП Пелистер да продолжат до градот Битола, изјави Никола Карoвски директор на Елем турс

Од ЕЛЕМ турс се надеваат дека Амбасадата на Норвешка ќе ја прифати апликацијата.

Без коментари