За две-три недели ќе почне исплатата на субевенциите, прво пари за тутунарите

0
1993

Заменик министерот за земјоделие Ванчо Костадиновски за време на неговата посета на Преспа викендов, рече дека за две до три недели ќе почне исплатата на субенциите и дека за тоа пари се обезбедени.

Тој исто така рече дека тутунопроизводителите се оние кои први ќе ги добијат парите од субвенциите.

Поради неисплатените субвенции земјоделците излегоа на протест. И дадоа на власта 24 часовен ултиматум да им ги исплати заостанатите субвенции. Во спротивно најавија радикализација на протестите.

Иако беше најавена блокада и на патот Битол-Прилеп таа не се случи.